Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦАРУВА РАБОТАТА „НА ЦРНО“ ВО ТЕТОВСКО: По рација приведени државјанки од земјава и регионот

ЦАРУВА РАБОТАТА „НА ЦРНО“ ВО ТЕТОВСКО: По рација приведени државјанки од земјава и регионот

Полицијата соопшти дека привела 26 странски државјанки, меѓу кои 11 од Србија, кои престојувале и работеле „на црно“ во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и два во Гостивар.

Како се наведува, во контролата направена викендов во три угостителски објекти на подрачјето на Тетово и два во Гостивар се затечени вкупно 39 жени на возраст од 20 до 46 години кои тука нелегално работеле.

Меѓу нив биле 13 Македонки и 26 странски државјанки, од кои 11 државјанки на Албанија, четири од Бугарија, и по една од БиХ и Косово. 

„Тие лица, на возраст од 20 до 46 години, се приведени и задржани на понатамошна постапка“-соопштија од МВР.

Полициската контрола во тие угостителски објекти е направена заедно со даночни, пазарни и инспектори за работа.



(Фото Википедија)


Слично

Поврзани вести