Carrefour ја зголеми добивката за 4,9%
Вториот по големина светски малопродажен ланец Carrefour информираше дека профитабилноста во матичната Франција нагло му се пдообрила во првата половина од годината, односно, дека планот за измени во работењето почнал да носи резултати.
Така, групата, во првите шест месеци од 2013 година остварила 4,9% поголема оперативна добивка отколку во истиот период лани, во износ од 766 милиони евра. Резулатот вклучува и 75,4-постотен скок на оперативната добивка во Франција, каде групата остварува повеќе од 40% од продажбата.
Извршниот директор на Carrefour, Џорџ Пласат, притиснат од конкуренцијата и се поголемото пазарење преку интернет, одлучи да ги намали трошоците на работење во Франција, преку обнова на старите продавници, со конкурентни цени и едноставни понуди.
Слично
