Економија, финансии, бизнис

Контакт

Царовска: Во новите учебници ќе нема стереотипи, а ќе ги има новите вредности што ги очекуваме

Царовска: Во новите учебници ќе нема стереотипи, а ќе ги има новите вредности што ги очекуваме

Министерката за образование Мила Царовска денеска рече дека со новата концепција за основно образование којашто е во завршна фаза и наскоро ќе биде презентирана на јавноста, освен што учениците ќе учат за толеранција, мултикултурализам и прифаќање на различните од себе, уште од основно образование ќе стекнуваат знаења за родова еднаквост.  

Таа вели дека за стереотипите и дискриминаторските содржини ќе нема место во учебниците, а од друга страна ќе се учи за граѓанските вредности кои се очекуваат да се наметнат во иднина.

„Тргнавме од тоа дека системски треба да се надмине ова прашање. Вистинска реализација на програмите за намалување на стереотипи е преку суштинска промена на наставните материјали. Веќе подготвуваме целосно нов систем, а во подготовката на наставните материјали ќе се вклучат не само високообразовните институции и наставниот кадар, туку и граѓанските организации. Во предметите што ќе се изучуваат ќе бидат вклучени и граѓанските вредности што нашето општество очекуваме да ги има“, истакна Царовска.

Царовска додаде дека во целиот концепт е важно и зајакнувањето на психолошко-педагошката служба, којашто треба да биде партнер на учениците во соочувањето со стереотипите.



Слично

Поврзани вести