Царовска кај Зенели: Директорот не се чувствува одговорен, министерката смирува
Првата уплата од државата кон двете приватни пензиски друштва за оштетените осигуреници на кои со години не им биле плаќани придонеси во вториот пениски столб почна.
За ова денеска информираше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Таа вели дека со првата уплата се опфатени 4.926 осигуреници и истата треба да заврши до крајот на месецот. Уплатите за другите осигуреници ќе се случуваат во наредните месеци и треба да завршат до средината на годината, со што сите 12 илјади осигуреници ќе бидат целосно обесштетени. Обезбедени се 19 милиони евра од буџетот. Согласно со новата законска регулатива, исто така во тек е трансферот на 11.319 членови од вторите кон првите друштва.
„Пензионерите може да бидат апсолутно спокојни. Реформата која ја правиме е избалансирана, до неа дојдовме преку темелни анализи грижејќи се да не оштетиме никого“, вели министерката.
Во ПИОМ не чувствуваат одговорност за аферата.
Вицепремиерот од редовите на ДУИ, Бујар Османи, на денешната прес-конференција им порача на медиумите дека ќе добијат тужби ако вчера ја поврзувале неговата политичка партија со скандалот со пензискиот фонд, а изјавата на министерката Мила Царовска ја нарече „несреќна“.
