Економија, финансии, бизнис

Контакт

Царовска објави големо зголемување на платите и за социјалните работиници

Царовска објави големо зголемување на платите и за социјалните работиници

Мила Царовска, министерката за труд и социјална работа, денеска објави дека се зголемуваат и платите за социјалните работници, кои ќе бидат повисоки за 4.316 денари.

„Посебно се радувам што платите на социјалните работнитници се зголемија за 4.316 денари. Ова се луѓето кои директно работат со лицата во социјален ризик и нивно извлекување од сиромаштија. Ги вреднуваме нивниот труд и посветеност.“, наведе Царовска.

Претходно беа зголемени платите и за работниците во градинките од страна на ова министерство за 16 отсто, а во септември годинава следува уште едно покачување од дополнителни 5 проценти.

„Со тоа вработените во детските градинки добиваат за 21% повискои плати, што е најголемо покачување досега“, напиша Царовска претходно на својот профил на Фејсбук.

Слично

Поврзани вести