Економија, финансии, бизнис

Контакт

Царовска најави модел за предвремено пензионирање на професии со бенифициран стаж

Царовска најави модел за предвремено пензионирање на професии со бенифициран стаж

Со цел да се заштитат правата на работниците кои согласно постојните законски решенија влегуваат во ризични професии но не можеле да си ги остварат Министерството за труд и социјална политика најави утврдување и формирање регистар на ризични професии, ревизија на досега утврдени работни места кои влегувале во категоријата со бенифициран работен стаж, утврдување креитериуми за заштитни мерки и воведување концепт на предвремено пензионирање за овие професии .

Оттаму посочија дека ќе се формира и Комисија за утврдување бенифициран стаж, која согласно законот требало да се формира уште во 2012 година. 

„Ќе се направи регистар на ризични професии со различна оптовареност. Во него треба да се стави кои се професиите што треба да одат предвремено во пензија, а за кои професии се утврдуваат посебни мерки за заштита. Сега почнуваме со вистинска подготовка Македонија да може да утврди ризични професии и систем на предвремено пензионирање со што ќе им вратиме дел од правата на работниците коишто и досега биле во овие ризични професии, но не можеле да си ги остварат“, посочи министерката за труд и социјална политика Мила Царовска .

Царовска истакна дека новиот модел за предвремено пензионирање на професии со бенифициран стаж треба да овозможи да се надминат одредени нелогичности во постојниот систем.

Како пример го посочи пензионирањето на рударите по законската измена во 2007 година со која се одзело правото на одење во пензија со стаж - 40 години за мажи 35 за жени, по што сега на рударите им се дава можност да одат во пензија со 54 години, но, како што рече, само доколку 30 години остваруваат стаж на исто работно место со ист бенифициран стаж.

Таа вели дека тоа што од 2012 година не била формирана комисијата говори за волјата да се работи на остварувањето на правата на работниците. До министерството, рече, стасувале барања со елаборати за утврдување професии со бенифициран стаж, но немало кој да ги разгледа и да донесе одлука.

Во моментов во Македонија има 28.451 активни осигуреници со непрекинат бенифициран стаж, а 41.161 осигуреник кој работел на ризични места со бенифициран стаж, но со прекини.

Бенифициран стаж добиваат лица кога работодавачот ги презел сите мерки за заштита, но и покрај тоа работата предизвикува опасност по нивното здравје, како рудари, работници во топилница..., лица кои поради намалување на физиолошките функции на организмот не можат да ги извршуваат професиите, како балерини, пилоти, играчи, и инвалидни осигуреници.


Слично

Поврзани вести