Економија, финансии, бизнис

Контакт

Царовска на пензионерските игри вети зголемена поддршка

Царовска на пензионерските игри вети зголемена поддршка

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на традиционалните пензионерски игри вети дека владата ќе продолжи да ги слуша барањата на возрасните граѓани и да им дава соодветна поддршка.

– Возрасните луѓе и пензионерите ја носат мудроста во себе. Ние од вас учиме. Како Влада ќе го почитуваме сето она што е поставено како барање од вас пензионерската организација. Ќе настојуваме како Влада и Министерство да го унапредиме квалитетот на пензионерското живеење во повеќе сегменти. Ќе продолжиме со мерката бањско-климатско лекување до крајот на оваа, а планираме да ја реализираме и во наредната 2018 година. Ќе ги покачиме пензиите со усогласување на трошоците на живеење двапати во годината и на крајот на годината, истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Потпретседателот на СЗПМ Салтир Каровски пред присутните зборуваше за активностите кои се темел на организирање на оваа граѓанска асоцијација, а за денешните спортски натпревари истакна дека се најмасовни досега во своето 22-годишно постоење.

– Првите пензионерски спортски игри се одржаа 1996 година во Охрид и на нив учествуваа 10 пензионерски здруженија со 150 спортисти, за да денес да учествуваат 40 здруженија со над 500-тини спортисти, истакна Каровски.


Слично

Поврзани вести