Економија, финансии, бизнис

Контакт

Царовска и премиерот Заев денес во Штип на разговор со текстилни работнички

Царовска и премиерот Заев денес во Штип на разговор со текстилни работнички

Премиерот Заев денеска ќе биде во работна посета на градот под Исарот.

Во Штип, Заев заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и пратеникот Благој Бочварски ќе посетат две текстилни фабрики.

„Модена и Милано“ и „Гранд Текс“ се фабриките во кои премиерот ќе разговара со работниците и менаџментот на компаниите, а после тоа ќе има работен состанок со членови на синдикати и работнички здруженија.

Текстилните работници беа лесто пати во фокусот на партијата на сегашната власт во време кога беше опозиција.

Лидерот на СДСМ најавуваше поголеми плати во текстилниот сектор кој дефинитвно е најслабо платена гранка во државата, а работниците од страв и притисок молчат и работат без да си ги бараат правата во повеќе текстилни фирми посебно на Истокот.

Слично

Поврзани вести