Економија, финансии, бизнис

Контакт

Царинските службеници на Блаце, Табановце и Ќафасан ќе носат боди-камери

Царинските службеници на Блаце, Табановце и Ќафасан ќе носат боди-камери

Започнаа обуките за употреба на телесните камери што Царинската управа ги доби како донација од Амбасадата на САД, а ќе ги користат царински службеници на граничните премини Блаце, Табановце и Ќафасан.
Нивната употреба треба значително да придонесе во борбата со организиран криминал и корупција. По целосно завршување на обуките за вкупно 30 царински службеници, боди камерите ќе бидат целосно ставени во функција.

- Денеска на граничниот премин Блаце, во присуство на полициското аташе при Министерството за правда на САД, Мајкл МекКи и управникот на царинарница Скопје, Томислав Ракиќевиќ, беше одржанa првата обука за 11 царински службеници од граничниот премин кои ќе ги користат камерите, соопшти Царинската управа.


Слично

Поврзани вести