Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦАРИНСКА УПРАВА: СТОПИРАНО ПАТНИЧКО ВОЗИЛО СО СТОКА - се испитува дали превезува наркотици

ЦАРИНСКА УПРАВА: СТОПИРАНО ПАТНИЧКО ВОЗИЛО СО СТОКА - се испитува дали превезува наркотици

Поради сомнеж дека се превезуваат наркотични средства попладнево е стопирано и пломбирано патничко возило. 

Како што соопштуваат од Царинската управа, на патниот правец Петровец – Скопје попладнево од страна на СВР Скопје бил извршен претрес на патничко моторно возило, кое превезувало разна стока, увозно оцаринета на ЦИ Аеродром Скопје, поради сомневање дека во возилото се превезуваат наркотични средства.

- Контролата е извршена со асистенција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и царинско куче. Притоа не се пронајдени наркотични средства, но констатирани се неправилности во однос на пријавената стока по увозната декларација и фактичката состојба на стоката во возилото. Со цел да се изврши детална контрола, возилото е пломбирано и привремено задржано заедно со стоката со вкупна тежина од 1,2 тони - се појаснува во соопштението и се додава дека за прегледот е побарана асистенција и од крим полиција.

За случајот било известено и надлежното Основно јавно обвинителство.

Откако ќе се изврши детална контрола и ќе се утврди фактичката состојба, посочуваат од Царинската управа, ќе бидат покренати соодветни постапки.

Слично

Поврзани вести