ЦАРИНИЦИТЕ „УЛОВИЈА“ НЕЛЕГАЛНИ МАСКИ ЗА ТЕЛЕФОНИ И МНОГУ ПАРИ: откриена и непријавена спортска опрема, еве ги деталите
Цариниците откриле обид за шверц на голема количина на маски за телефони „Ејпл“, спортска опрема од брендот „Најк“, запленет е и скриен разладувач, но и голема колина на пари, при што одземени се 20 илјади евра.
- Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Ејпл“ при што запленети се вкупно 5,6 илјади парчиња.
Во текот на изминатата една година мобилните тимови од Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги открија и спречија 275 обиди за криминални активности, или за повеќе од двојно споредбено со годината претходно кога имало евиденција за 118 заплени - објаснуваат од Царинската управа во нивната објава.
Од таму додаваат дека при заплената на над 5,6 илјади парчиња фалсификувани маски за телефон „Ејпл“, утврдиле дека увозникот од Скопје со намера да го скрие делото, логоата ги прикривал со пластифицирани налепници.
За истото по поведена постапка за повреда на право од интелектуална сопственост, утврдено е дека станува збор за фалсификувана стока која во нашата држава требало да се продава како оригинална. Вкупната проценета вредност доколку би се продавале како оригинални е 5,6 милиони денари.
Од Царинската управа исто така објавија дека на Табановце при контрола на товарно моторно возило запленети се над 112 парчиња разна стока, во најголемиот дел спортска облека со потписот на „Најк“, што сторителот се обидел да ја шверцува во државата.
- Патничко комбе натоварено со специјално дизајниран и изработен разладувач наменет за македонска фирма, чиј испраќач е фирма од Србија поминал на граничен премин без да ја пријави стоката и за неа да плати царински давачки. Истото е стопирано на патниот правец Куманово - Скопје од мобилен тим од коишто е спречен во намерата. Против сторителот е поведена соодветна постапка, а стоката е запленета.
Мобилен тим при контрола на патничко моторно возило при излез од државата на Табанобце кај четворица патници, македонски државјани, откри вкупно 60 илјади евра. На патниците, согласно Законот за девизно работење вратени им се по 10 илјади евра, а останатите вкупно 20 илјади евра се запленети - се наведува во објавата на Царинската управа.

