Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦАРИНИЦИТЕ СПРЕЧИЈА ШВЕРЦ НА ЛУКСУЗНИ ЧАСОВНИЦИ - нивната вредност достигнувала до 38 илјади евра

ЦАРИНИЦИТЕ СПРЕЧИЈА ШВЕРЦ НА ЛУКСУЗНИ ЧАСОВНИЦИ - нивната вредност достигнувала до 38 илјади евра

Спречен обид за криумчарење на скапи часовници, чија вредност според Царинската управа достигнувала дури и до скоро 40 илјади евра. 
- Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски патник да криумчари во ранец два „Ролекс“ и еден „Омега“ часовник со вкупна вредност од 2,34 милиони денари или 38 илјади евра - се посочува во објавата на Царинската управа 
Против лицето е поднесена кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело – криумчарење.

Непријавените часовници, Rolex Submariner, Rolex Sky-Dweller и Omega Speedmaster, се пронајдени при детален преглед на возилото и патниците кои патувале со автомобил со српски регистарски таблички. 
Возачот, со намера да ја избегне царинската контрола, ги ставил часовниците во една мала кожна кутија, која ја сместил во неговиот црн ранец заедно со други предмети за лична употреба.

Запленетите производи се предадени на Основно јавно обвинителство Куманово.

Фото: Царинска управа /Фејсбук

Слично

Поврзани вести