Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦАРИНИЦИТЕ ПРОНАЈДОА НЕЛЕГАЛНИ ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ ВО СТРУГА - сакале да избегнат акциза од 8 илјади евра

ЦАРИНИЦИТЕ ПРОНАЈДОА НЕЛЕГАЛНИ ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ  ВО СТРУГА - сакале да избегнат акциза од 8 илјади евра

Поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета при извршена акција на мобилни царински тимови и царински службеници од царинарница Битола, при контрола во малопродажен објект во Струга.

Ова го објави Царинската управа на социјалните мрежи, каде споделија и фотографии од заплената, питоа укажаа дека со овој обид, прекршителите на законот се обиделе да затаа плаќање акциза во вредност од над 500 илјади денари. 

- При контролата пронајдени се 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење, без акцизни маркички.

Со акцијата е спречен обид за нелегална трговија на акцизна стока, за која е избегнато плаќање акциза во износ од 509 илјади денари. Против сторителите е поведена соодветна постапка.

Царинската управа продолжува со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата и заштита на здравјето на граѓаните - се посочува во нивната објава. 



Слично

Поврзани вести