Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦАРИНИЦИТЕ ЛАНИ НАПЛАТИЛЕ НАД 105 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ - расте наплатата на даноци, акциза, ДДВ

ЦАРИНИЦИТЕ ЛАНИ НАПЛАТИЛЕ НАД 105 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ - расте наплатата на даноци, акциза, ДДВ

Царинската управа во 2025 година наплати приходи од 131,6 милијарди денари или 2,14 милијарди евра што претставува раст од 5,2 % или 105,1 милион евра повеќе споредбено со 2024 година.

Како што соопшти Царинската управа, раст е забележан по сите основи – наплатата на приходите од царина бележи раст од 15,5 %, од данок на моторни возила 12,5 %, од акциза за 5,9 % и од ДДВ при увоз за 3,2 %.

- На годишно ниво имаме континуиран раст на приходите, при што најголем процентуален раст од 10,6 проценти е забележан во декември, а притоа е реализирана наплата на приходи од 190,2 милиони евра. Кумулативно за цела 2025 година наплативме приходи од 2,14 милијарди евра или 105,1 милиони евра повеќе од лани - вели директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

Според него, податоците јасно ја покажуваат зголемената ефикасност на Царинската управа во наплатата на приходи.

- Ова значи повеќе средства за капитални инвестиции кои ќе генерираат одржлив економски раст – повеќе средства за здравство, за образование, за нови градинки и училишта, за инвестиции во патна и железничка инфраструктура, нагласува Николовски.


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести