Цариници на Меџитлија во шок: Мајката ја криела ќерката во багажник
Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално пренесување на непријавено лице во државава.
Царинската управа известува дека мајка од Јужноафриканска Република се обидела да ја пренесе својата ќерка во багажник на изнајмено возило со македонски регистарски таблички.
За случајот е известена полициската станица на ГП Меџитлија и случајот е предаден во нивна надлежност за натамошно постапување.
Слично
