Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦАРИНА ЗАПЛЕНИ ТОРБА ПОЛНА КРУНИ - жител на Норвешка не пријавил голема сума, државата му одзеде дел

ЦАРИНА ЗАПЛЕНИ ТОРБА ПОЛНА КРУНИ - жител на Норвешка не пријавил голема сума, државата му одзеде дел

Жител на Норвешка, со потекло од Косово, сакал преку аеродромот во Скопје да пренесе над 300 илјади норвешки круни. Бидејќи не ги пријавил до цариниците, согласно законот дел од сумата му е задржана. 

Како што соопшти Царинската управа, на Аеродромот Скопје царинарниците заплениле 185 илјади норвешки круни кај норвешки државјанин со потекло од Косово. 

- Запленети се 185 илјади норвешки круни, откако патник на излез од државата на Аеродром Скопје не ги пријавил истите кај царинскиот орган. Патникот, инаку норвешки државјанин со потекло од Косово, со себе во црна торба носел 305 илјади норвешки круни што царинските службеници ги пронајдоа при контрола на скенер - се наведува во соопштението.

Согласно Законот за девизно работење на патникот вратени му се 120 илјади норвешки круни, а останатите се запленети. Против него е поднесена соодветна пријава.

Фото: Принтскрин/Царинска управа

Слично

Поврзани вести