Економија, финансии, бизнис

Контакт

Царина заплени лажни „Гучи“, „Версаче“, „Диор“ и „Луи Витон“

Царина заплени лажни „Гучи“, „Версаче“, „Диор“ и „Луи Витон“

Царинската управа рано изутринава објави дека се запленети речиси 2.000 парчиња облека и модни додатоци со лажен потпис на Луи Витон, Диор, Монклер, Гучи, Версаче, Барбери, Мајкл Корс и други модни брендови.
Станува збор за брендирана облека, обувки и женски чанти кои се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничен премин Деве Баир. 

Пратката била од Турција и требало да се транспортира до Босна и Херцеговина. Согласно направената процена, доколку овие производи се продаваат како оригинали, на пазарот, а нивната вкупна вредност би била 19,9 милиони денари.

„Контролата е спроведена по преглед на документација и сомнение во изјавата на возачот, при што во камионот се откриени 1.907 парчиња облека, обувки и чанти, сите со потпис на познати модни брендови.

Против превозникот е поднесена пријава за повреда на право од интелектуална сопственост, а производите се запленети“, информира Царина.

Слично

Поврзани вести