Економија, финансии, бизнис

Контакт

Царина заплени 4 тони средства за подобра сексуална потенција

Царина заплени 4 тони средства за подобра сексуална потенција

Царинската управа заплени четири тона апчиња и гел за потенција во вредност од 41,7 милиони денари. Од таму велат дека се конфискуваат поради тоа што биле ризични по здравјето на граѓаните.
Со тоа била спречена нелегална трговија на лекови што не се регистрирани во Регистарот на лекови.

Запленети се 48 илјади кутии Орал Џели односно 100 мл гел за орална употреба Камагра, 10.530 ленти со 100 мг таблети Камагра и 7.000 кутии со 100 мг и 150 мг таблети Ценфорце.

Фирмата која ja внела стоката во државата нема важечко решение за вршење промет на големо со лекови и медицински средства. 

Против фирмата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје, а најверојатно тоа ќе биде за илегална трговија.

„Царинската управа го штити здравјето на граѓаните преку обезбедување сигурен и безбеден трговски синџир на лекови, спречувајќи трговија со лекови во државата коишто не се одобрени од Агенцијата за лекови“, информираат од Царина.


Слично

Поврзани вести