Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦАРИНА ВО СЕПТЕМВРИ НАПЛАТИ 12,5 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ - еве колку се зголемени приходите од почетокот на годината

ЦАРИНА ВО СЕПТЕМВРИ НАПЛАТИ 12,5 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ - еве колку се зголемени приходите од почетокот на годината

Нов раст на наплатата на приходите регистрираше Царинската управа, од каде соопштуваат дека во текот на минатиот месец имало раст од 7,5 проценти кај приходите. 

- Во септември, Царинската управа оствари наплата на приходи од 179,5 милиони евра, што претставува раст од 7,5 отсто или 12,5 милиони евра повеќе во споредба со истиот период лани - се посочува во објавата на Царинската управа.
Од Царина додаваат дека најголем раст е забележан во наплатата на царина (+13,4%), следи ДДВ (+8,7%), ДМВ (+6,9%) и акциза (+3,7%)

- Создадовме систем кој во континуитет генерира високи приходи во Буџетот и овозможува повеќе средства за капитални проекти кои ќе генерираат одржлив економски раст. 
Во јули приходите беа зголемени за 10,5 милиони евра, во август за 14,5 милиони, а во септември за 12,5 милиони евра - истакнува директорот Бобан Николовски. 

Притоа укажуваат дека кумулативно од почетокот на годината, Царинската управа наплати 1,58 милијарди евра, што е за 78 милиони евра повеќе од истиот период лани.

Овој континуиран раст е доказ за ефективниот систем и посветеноста кон економски развој на државата




Слично

Поврзани вести