Царина: На Блаце се шверцуваат поштенски пратки
Царинската управа излезе со информација дека се врши засилена контрола на граничен премин Блаце со цел спречување обиди за криумчарење поштенски пратки
Спречени се обиди за шверц на две поголеми пратки со брза пошта на граничниот премин, како што се вели во известувањето на Царина.
Ова било констатирано на состанок на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски заедно со заменик директорот Гарип Каба, директорот за контрола и истраги Влатко Лакордов, помошник директорот за царински систем Марјан Тасевски и управникот на Царинарница Скопје Томислав Ракиќевиќ, одржан денеска со генералниот директор на АД Пошта, Орхан Куртиши.
Слично
