Цаноски и Ружин на кафе со Заев и Ципрас: Големи се шансите за награда следната недела
Управителот на универзитетот, Сефер Цаноски, и ректорот Нано Ружин, иницијаторите за доделување на Нобеловата награда за мир на двоецот Зоран Заев - Алексис Ципрас се сретнаа со актуелниот македонски премиер и поранешниот шеф на грачката влада и изразија надеж дека шансите за признанието се доста поволни пред одлуката на комисијата.
„Големи се шансите наредната недела кога комитетот за нобелова награда ќе ги обзнани имињата на нобеловците за оваа година и веруваме дека нобеловата награда за мир ќе оди во рацете на Зоран и Алексис. Несомнен е фактот дека ја заслужуваат и дека направија многу не само за нашите два народа туку за целиот регион“, напиша Цаноски на својот профил на Фејсбук.
Во моментов најголеми шанси за добивање на нобеловата награда има тинејџерката Грета Тунберг, која е климатски активист и неодамна одржа инспиративен говор на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
