Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цанчев: Над 120.000 граѓани на Македонија се Бугари

Цанчев: Над 120.000 граѓани на Македонија се Бугари

Проблемот меѓу Бугарија и Северна Македонија е сосема јасен. РСМ потпишува договори, кои очигледно нема намера да ги исполнува, изјави претставникот на Бугарија во ЕУ, Димитар Цанчев.

Тој за бугарското национално радио додава дека проблемот е сериозен. 

„Дали позицијата на Бугарија е смешна или не, јас не можам да разберам што е смешно во нашата позиција. Дали тоа што Гоце Делчев, Даме Груев, браќата Миладиновци се Бугари кои на бугарски јазик пишувале народни песни или дека е Цар Самоил Бугарин или тоа што 2 милиони Бугари се наследници на македонските бугари, над 120.000 граѓани на РСМ се Бугари“, додаде Цанчев.

Тој вели дека тие се тормозени поради својата националност. Oд ЕУ кажаа дека додека не го реши спорот со Бугарија, Македонија не може да ги почне преговорите. 

Слично

Поврзани вести