Бутарис бега од Заев како „друштво“ за Нова година во Грција
Грчкиот политичар и градоначалник на Солун Јанис Бутарис се повлекува од многу позиции кои ги засгапуваше при својата посета на Скопје кога се сретна со премиерот Зоран Заев и постојано дава нови изјави за грчките медиуми во кои дава изговори што мислел, што кажал и што сакал да каже.
Најнова заврзлама се појави со новогодишната прослава во Солун каде Бутарис требаше да му биде домаќин на премиерот Заев. Да потсетиме дека при посетата во ноември солунскиот градоначалник посочил дека Заев е добредојден во Солун за Нова година, на што македонскиот премиер истакна дека добро би било да присуствува и грчкиот колега Ципрас.
Сега Бутарис за грчките медиуми тврди дека тој не го поканил лично Заев и дека тој ќе присуствува на приватна посета на Солун за новогодишните празници со негови пријатели во хотелот Македонија Палас.
Од владата пак, велат дека Претседателот на владата на Р. Македонија Зоран Заев ќе оди во приватна посета во Солун, Република Грција за време на новогодишните празници. За време на посетата ќе има и заедничка вечера со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.
