Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУРНО ВО СОБРАНИЕ: За замениците министри ќе се дебатира на крај

БУРНО ВО СОБРАНИЕ: За замениците министри ќе се дебатира на крај

Бурен старт на денешната собраниска седница. Тропање па маса, ама и отворени врати за граѓаните.

Мнозинството повлече чекор назад и го прифати инсистирањето на пратениците од ВМРО ДПМНЕ за верифицирањето на замениците министри да биде последна точка од дневниот ред за денес.

Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ неколкупати во текот на седницата потенцираше дека вакви обемни материјали, според деловникот, треба да се разгледуваат десетина дена, бидејќи како што рече доцна ноќта  го добиле предлог отза избор на заменици министри.

Пратениците од партијата на екс премиерот и денес не отстапија од праксата и се прават на „тошо“ во поглед на формирањето пратеничка група.

Седницата почна со негодување од пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои се обидоа преку тропање помасите да ја опструираат работата на Собранието.

Меѓудругото собранискиот спикер ги отвори вратите на Собранието за да можат граѓаните кога и да сакаат да ги следат седниците.

Слично

Поврзани вести