Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУРНИ РЕАКЦИИ ВО БУГАРИЈА: Македонското знаме се вее на зграда во Пловдив

БУРНИ РЕАКЦИИ ВО БУГАРИЈА: Македонското знаме се вее на зграда во Пловдив

Македонското знаме осамна на зграда во бугарски град. 

Веќе неколку дена, македонското знаме се вее од тераса на зграда во населбата Мал Париз во Пловдив, пренесе бугарскиот портал ТрафикЊуз.

Граѓаните масовно го споделуваат знамето на социјалните мрежи. Ова предизвикаа  негативни реакции во Бугарија.

„Можам само да замислам што ќе се случи со мене ако ставам бугарско знаме да се вее во Македонија“, напиша еден корисник на Фејсбук.

Друг пишува дека во станот со години живее Македонец, но сега го истакнал македонското знаме. Бугарија не го признава македонското малцинство. Многу буагрски политичари со радикални изјави го оспоруваат македонскиот јазик и идентитет. 

Бугарскиот европратеник Александар Јорданов вчера ги навредуваше Македонците и посети дека требало да знаат историја. 

Слично

Поврзани вести