Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бурна реакција на актерот Сашо Тасевски по намалената казна на возачот кој ја прегази Фросина-За каква правда зборувате?

Бурна реакција на актерот Сашо Тасевски по намалената казна на возачот кој ја прегази Фросина-За каква правда зборувате?

Ем пијан, ем не застанал по кобниот удар, ама наместо првичните шест и пол години, сега Љубиша Бидојковиќ ќе лежи затвор само 3 години.

Возачот кој во смрт ја однесе младата Фросина од Апелација доби намалување на затворската казна . Причината засега не е наведена зошто се казната се намалува.

По ова, бруна реакција на социјалниоте мрежи искажа актерот Сашо Тасевски.

За него е неприфатливо само три години затвор да добие оној што мртов пијан прегази девојка на Партизанска и тоа на пешачки премин. 

„Само три години затвор за оној што мртов пијан прегази девојка на Партизанска и тоа на пешачки премин. Апелација ја намалила првичната пресуда за триипол години. Знаете што сакате? Да почнеме сами да го земаме законот у свои раце. Тоа изгледа сакате мамицата... Некој нажален татко еден ден ко ќе ви влезе со калаш и бомби, нема да можат да ве состават. Која е поентата? Родителите останаа без дете, а тој убиецот пак ќе биде на улица и ќе смее да вози по една година. За каква правда зборувате?“ - пишува во неговиот Фејсбук статус .

Под коментарите на постот на Сашо, многумина изреагираа слично како него.


Колку за потсетување Видојковиќ не застанал по кобниот удар, а при прегледот му се најдени 1,2 промили алкохол во крвта.


Слично

Поврзани вести