БУРНА НОЌ ВО ГЕВГЕЛИСКО - запленети стотици килограми марихуана на јужната граница
Полицијата вечерва пресече уште еден меѓународен канал за трговија со дрога. Повторно се работи за марихуана која со камион требало да биде пренесена во Грција, јави Сител тв. Камионот бил следен и запрен на Богородица. Според првичните проценки се работи за количина од околу поливина тон. Полицијата го потврди и овој случај, но детали како и за претходниот најави за утре. Претходно во голема полициска акција беше пресечен друг меѓународен канал за транспорт на дрога.
Според првичните и неофицијални информации запленети се околу 200 килограми марихуана, а две лица се приведени. Марихуната требало да биде пренесена од Македонија во соседна Грција. Таа била спакувана во неколку вреќи кои полицијата ги пронашла на самата гранична линија во атарот на селото Селемли. Од МВР само ја потврдија акцијата, но дополнителни информации не соопштија. Детали најавија во текот на утрешниот ден. Според неофицијалните информации акцијата се уште трае, а претреси се вршат на повеќе локации во гевгелиско.
