БУРЕН ЗАВРШЕТОК ВО СОБРАНИЕ: Mнозинството „на нозе“ побара избор на претседател, се пееше химната и „Шутка не ти бега Никола“
Парламентарното мнозинство на нозе пред завршувањето на денешната конститутивна седница стана и побара избор на претседател .
Пратениците скандираа Македонија а пред тоа се пееше и државната химна на која што станаа сите пратеници. Ова следуваше откако Оливер Спасовски од СДСМ од собраниската говорница го активираше предлогот да се премине на четвртата точка и ги повика колегите пратеници од мнозинството да станат и да видат пратениците од ВМРО ДПМНЕ и спикерот Трајко Вељаноски дека се доволно на број за да се премине на точката каде што закочи Собранието.
По Спасовски, Димовски од ВМРО ДПМНЕ се јави на процесдрален збор и побара да не се крши Деловникот.
После се појави и Крсто Муковски кој рече дека за да станат пратениците од ВМРО ДПМНЕ треба да има повод па почна да ја пее во живо од собраниската говорница државната химна.
Следеа скандирања Македонија, Македонија, пратениците од ВМРО ДПМНЕ скандираа „Избори избори“, на момент извикуваа и “Едно име имаме“ додека колегите од СДСМ им возвратија со „Шутка не ти бега Никола“.
Денеска заврши 20-тата конститутивна седница. За прв пат од Собраниската говорница збор имаше и лидерот на СДСМ.
Заев оттаму порача дека секој момент може да се очекува избор на претседател на законодавниот дом и дека потписите за тоа да биде Талат Џафери се собрани. Им порача и на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека од вкупно 120 пратеници во собранието 51 не се мнозинство.
„Заврши времето кога можевте да го кршите уставот, законите и деловникот и притоа тоа да го продавате како патритоство. 62 стојат со својот потпис зад Талат Џафери да биде избран за претседател на Собранието. Ова многинство има прави да избере претседател од своите редови и за тоа ќе носи одлука во оваа сала.“ - изјави Заев.
По обраќањето од говорницата Заев свика прес конференција на која дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски мора да одговара за како што рече сите сторени кривични дела и амнестија нема да има. Го повика редовно да ги посетува судските рочишта бидејќи институциите како што рече мора да профункционираат а колку повеќе се одолговлекува толку повеќе трпат фирмите, платите и пензиите на граѓаните .