Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУРЕКЏИЛНИЦИ, СЛАТКАРНИЦИ, КАФЕТЕРИИ... Сите беа на работни средби со Комунална, учеа како правилно да фрлаат ѓубре

БУРЕКЏИЛНИЦИ, СЛАТКАРНИЦИ, КАФЕТЕРИИ... Сите беа на работни средби со Комунална, учеа како правилно да фрлаат ѓубре

Во текот на минатата седмица, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше работни средби со  претставници на 102 стопански субјекти – маркети, ресторани, бурекџилници, слаткарници, кафетерии и бутици, со цел нивно запознавање и едукација за начинот на правилно одлагање на отпадот.

Во рамките на работните средби, претставниците на Еко-патролата презентираа на кој начин и каде комуналниот отпад и отпадот од пакувања што се создаваат при работењето на овие стопански субјекти треба правилно и прописно да се одложат, со цел да се постигне максимална заштита на животната средина и јавното здравје, а воедно да се избегне и појава на оштетување или опожарување на садовите наменети за одлагање на отпадот.

Активностите на Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжат и во претстојниот период.




Слично

Поврзани вести