„Буре весник“ не издавал државни тајни од Македонија
Новинарот Зоран Божиновски познат по својот профил „Буре весник“ е ослободен од гонење за кривичното дело издавање на државна тајна во случајот ,,Шпион”, соопштија од Кривичниот суд на денешното рочиште, а ќе му се суди одново за останатите дела за кои е обвинет.
Вакво барање поднело СЈО според кое барањето за екстрадиција на Божиновски од Србија во земјава било за низа кривични дела, но не и за издавање државна тајна, дело кое како клучно било наведено во обвинителниот акт. За ова дело немало никакво објаснување.
Претходната власт долго работеше на случајот новинарот да бид еекстрадиран од Србија откако беше обвинет за издавање државни тајни од Македонија заедно со Ване Цветанов и други.
Поради ваквата одлука судскиот процес од денеска стартува од почеток.
