Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бунт во телевизија поради преиначени договори на новинарите

Бунт во телевизија поради преиначени договори на новинарите

Националната телевизија „Алфа ТВ“ се соочува со работничко незадоволство.

На социјалните мрежи се појавуваат документи кои според пишаното се новите договори кои на вработените новинари им се доставуваат за потпис, а според кои договорот за работа им се преиначува од неопределено време во определено.


Во одлуката потпишана од управителот на Телевизијата“, Васко Ефтов се наведува: „Заради максимална искористеност на капацитетите и подобрување на работниот процес и медиумски услуги во „Алфа ТВ“ ДООЕЛ Скопје, на сите работници вработени во телевизијата на неопределено работно време им се трансформира работниот однос од неопределено време во определено, со времетраење од 3 месеци, сметано од денот на потпишување на новите договори за вработување“.

Синдикалниот претставник на вработените од „Алфа ТВ“, Сашо Мисајловски, за Макфакс кажал дека ситуацијата во телевизијата е напната и непријатна по што истакнал дека ќе биде побарана средба со менаџментот и доколку не биде повлечена одлуката, целата ситуација ќе се радикализира.

Слично

Поврзани вести