Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бум по решениот спор за името, странците навалиле да купуваат станови и згради во Македонија

Бум по решениот спор за името, странците  навалиле да купуваат станови и згради во Македонија

Годинава имало зголемена побарувачка и за купување стан од нашинци или странци кои имаат некаков линк со земјава.

„Норвежанци, Германци, Швајцарци и други купувачи од Европа сакаат да си купат стан во земјава, затоа што овде им се поефтини, за да стекнат капитал повеќе, да профитираат од истите. Но има и побарувачи на станови, кои планирале своите пензионерски денови да ги поминат во  оваа држава.

„Од повеќе делови од Европа има заинтересирани да купуваат земјиште и недвижнини во државата. Посебно за градење на згради и хотели, но има и интерес за изградба на старечки домови. Во моментов имам побарувачка од страна на турски бизнисмени кој сака да изгради зграда и хотел во Скопје и Охрид, Германец бара локација-маркица за градење на зграда во Скопје, Италијанец  планира да инвестира во мала населба, да изгради куќи и згради на дел од Скопје, а имам и клиенти странци кои се во партнерство со  Македонци кои сакаат да градат старечки домови, посебно во Дојран и Охрид“, вели за Фактор  Снежана Динева од скопската агенција за недвижности Простор

Целата тема читајте ја тука.

Слично

Поврзани вести