Булевар Србија викендов со времен сообраќаен режим
Од град Скопје информираат дека изведувачот на проектот изградба на фекална канализација до населеното место Сопиште и локалитетот “Сончев град“ дека в сабота и недела сообраќајот ќе се се регулира со времена измена на режимот.
Времено ќе биде изменет режимот на движење на булеварот Србија, кај влезно-излезната улиица на бензинската пумпа Макпетрол, којашто се наоѓа на десната страна на булеварот Србија во насока кон булеварот Јане Сандански.
Се апелира до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат времено поставената сигнализација и да го приспособат возењето согласно со времената измена.
Слично
