Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) БУКЕТ ЦВЕЌЕ ОД ШИЛЕГОВ ЗА НАСЛЕДНИЧКАТА: Арсовска е новата градоначалничка на Скопје

(ФОТО) БУКЕТ ЦВЕЌЕ ОД ШИЛЕГОВ ЗА НАСЛЕДНИЧКАТА: Арсовска е новата градоначалничка на Скопје

Данела Арсовска новоизбраната градоначалничка на град Скопје од денеска ја презема функцијата. Во кабинетот седнува откако победи на локалните избори вовториот круг со над 28.000 гласови повеќе од досегашниот градоначалник Петре Шилегов. Тој во кабинетот ја пречека со букет цвеќе.


Данела Арсовска на изборуте настапи како независен кандидат, а имаше поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.

Арсовска е првата жена градоначалник на Скопје од осамостојувањето на државата. По нејзината победа, премиер Зоран Заев поднесе оставка од функцијата претседател на Владата и прв човек на СДСМ. 


„Многу ми значи и вашата поддршка што ми ја дадовте довербата да го водам Скопје и да бидам ваш човек во градот. По тешките борби, во оваа кампања противник не ми беше само стариот градоначалник, туку и премиерот во заминување. На мое огромно задоволство, Скопје за прв пат по 30 години има жена градоначалник“, изјави Арсовска по изборната победа.

Данела Арсовска е родена во Скопје во 1979 година, економист, активист, политичар. Таа дополнително се школувала на универзитетите во Оксфорд и Шефилд.

Зад новиот градоначалник на Скопје стои долгогодишно искуство во деловниот свет и економијата. Имено, во 2014 година е избрана за претседател на Македонските стопански комори - сојуз на национални стопански комори, промовирајќи економска соработка на национално и меѓународно ниво, врз основа на принципите на слободна трговија и фер конкуренција. Таа беше назначена за претседател на Македонската унија на организации на работодавачи во 2015 година.

Арсовска работела како меѓународен експерт и соработувала со големи меѓународни организации ширум светот.


Слично

Поврзани вести