Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи започнува дебати за уставните измени, се плаши од „црногорско сценарио“

Бујар Османи започнува дебати за уставните измени, се плаши од „црногорско сценарио“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи објави дека формално започнбува со иницијатива за широка дебата за уставните измени.

Шефот на дипломатијата зададе рок до ноември, до кога треба да биде променет Уставот согласно францускиот договор за да не се случи, како што вели, „црногорско сценарио“ во земјата.

„Мојот страв ако ноември не фати без завршени уставни измени е дека ќе прекинат преговорите, ќе го изгубиме моментот, а губењето на моментот е една од најлошите работи што може да ви се случи на европскиот пат и се плашам дека, се надевам дека нема да се злоупотреби, дека ќе влеземе во некое си црногорско сценарио, кое е многу тешко после да се врати со сите импликации внатре и надвор врз имиџот на државата“, вели министерот Османи.

Досега консултациите, како што рече министерот, биле неформално., но сега било време да се започне со формален сет расправи низ јавни дебати. Според него, дебатите ќе покажат дека уставните измени не се спорни, ниту пак се закана за државата по ниту еден услов туку дека ќе ја направат државата посилна и со подобар имиџ во светот.

„Луѓето кои не се експерти се збунети. Важно е да направиме разграничување каде почнува партискиот интерес, каде завршува интересот на државата. Таа јавна дебата ќе го искристализира тој аспект“, смета Османи.



Слично

Поврзани вести