Бујар Османи започна да бара пари за имплементација на Законот за јазици
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи како раководител на Секретаријатот за европски прашања упати покана со известување за организирање на Донаторска конференција за потребите од имплементацијата на новиот Закон за употреба на јазиците во рамките на СЕП.
- Согласно комплексноста и обемноста на имплементацијата на новиот Закон за употреба на јазиците, во улога на Национален координатор за распределба на странска помош, закажав Донаторски состанок (конференција) на 18 февруари, со цел размена на искуства, експертиза и координација на странската поддршка за имплементација на Законот, објави Османи на својот профил на Фејсбук.
Според Законот за употреба на јазиците со кој албанскиот станува втор официјален во Македонија и веже стапи во сила со неговото службено објавување е пропишано Инспекторат за употреба на јазиците да потроши 16 милиони денари, а Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.треба да обезбеди 90 милиони денари кои ќе бидат распределени за различни буџетски корисници за имплементација.
Сепак, овие суми се само мал дел за имплементација на законот, а кои очигледно не се пресметани. Имено, индиректните буџетски трошоци за спроведување на законот се однесуваат на промена на натписи на институции, на фактурите, на поштенските марки, на книжните пари, на униформите во полицијата, противпожарните служби, здравството…
