Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи: Замрзнатиот конфликт помеѓу Белград и Приштина треба да заврши

Бујар Османи: Замрзнатиот конфликт помеѓу Белград и Приштина треба да заврши

Бујар Османи, министерот за надворешни работи, во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 рече дека мотивот на денешната седница на Советот за безбедност свикана од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски е замрзнатиот конфликт помеѓу Белград и Приштина кој треба да заврши.

Паралелно денеска на седницата на Владата на Србија ќе се разговара за германско-францускиот предлог за решавање на односите помеѓу Србија и Косово

„Статус-квото не е во интерес на никого, како и отворени прашања кои имаат потенцијал за екскалција и злоупотреба од трети страни. Од замврзнати конфликти има корист Руската федерација во своите планови и стратегии.

Тој статус-кво на замрзнати конфликти треба да заврши и ржавите да воспостават нормални односи помеѓу себе и затоа ние го охрабруваме дијалогот помеѓу Србија и Косово. Го следиме внимателно процесот како први соседи и членка на НАТО, а сега и претседавачи со ОБСЕ“, изјави Османи.

Kабинетот на претседателот Стево Пендаровски за денеска во 15.00 часот свика седница на Советот за безбедност во период кога има силен меѓународен ангажман за затворање на отворените прашања меѓу Србија и Косово

Слично

Поврзани вести