Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи: Во клубот „Иван Михајлов“ има навредлив натпис, затоа не отидовме таму

Бујар Османи: Во клубот „Иван Михајлов“ има навредлив натпис, затоа не отидовме таму

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во интервју за бугарска БТВ рече дека во клубот „Иван Михајлов“ има навредлив натпис за Македонците и затоа немало претставници од македонскиот државен врв на свеченоито отворање во Битола..

Во културниот центар на главниот влез имало голема табла со цитат од Ванчо Михајлов на која пишувало „Залудни се напорите на таканаречениот македонски народ да го лаже светот“.

- Ова е голема навреда за нашите граѓани, ова е голема навреда за луѓето што ги застапувам. Ова кај нас се смета за провокација. Не верувам дека бугарските власти дојдоа поради оваа порака на Михаилов, која беше поставена на влезот од клубот. Но вака се толкуваа сите овие пораки што ги налутија граѓаните. И наша должност е да ги разјасниме овие прашања, отворено да си кажеме што е она што не провоцира, што не лути, за да можеме во отворен дијалог да ја создадеме нашата заедничка иднина, рекол Османи.

Ова е причината поради која делегација на Владата не присуствувала на овој ин во Битола.

- Целата наша влада би била таму, бидејќи ја поздравуваме и сакаме да ја поттикнеме бугарската заедница да се организира, сакаме бугарската заедница да се интегрира во институциите, системите и механизмите создадени преку рамковниот договор. Но, мора да внимаваме на чувствителноста на двајцата, особено во овој период на доверба. Сакаме да ја вратиме довербата еден во друг. Секако дека ваквите прашања ќе ни бидат се помалку важни, бидејќи ќе бидеме фокусирани на иднината, на заедничката европска перспектива за граѓаните на двете земји. Но, ова е деликатен период во кој и вие и ние мора да бидеме внимателни за да ја создадеме нашата заедничка иднина“, тпорача Османи.

За шефот на македонската дипломатија може да се каже дека овој настан придонел за пад на довербата меѓу двете земји.

Слично

Поврзани вести