Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи: Уште две недели да се надминат разликите со Бугарија

Бујар Османи: Уште две недели да се надминат разликите со Бугарија

Бујар Османи, министерот за надворешни работи, денеска во Тетово рече дека следните две недели ќе бидат критични во преговорите со Бугарија за отстранување на ветото пред евентуалната одлука во Брисел за добивање датум за Северна Македонија.

- Јуни ја дава најдобрата шасна за почеток на преговорите. Има уште две недели за да се надминат разликите со Бугарија. Има конкретен предлог од Португалија кој ние го цениме како добра основа, рече Османи.

Шефот на македонската дипломатија, како што рече, меѓународното посредништво е добредојдено бидејќи билатерланите прашања се „контаминирани“ и покрај конструктивниот однос во последно време со Софија.. 

- Има конструктивен однос, конструктивна реторика помеѓу нас и бугарската влада. Средбите на Пендаровски, Заев и моите вродуваат со плод. Очекувам да се интензивира комуникацијата со Бугарија во следниот период. Алармот е стигнат до критичката точка до губење на кредибилитетот и мислам дека тоа го разбира и Бугарија и ЕУ., наведе Османи.


Слично

Поврзани вести