Бујар Османи: Созреани се условите за двојазична Македонија
ДУИ ја засилува својата предизборна кампања која се повеќе се базира на потврди национални ставови со цел да се убедат албанските гласачи во Македонија дека досегшната владејачка партија може најдобро да ги оствари нивните интереси. Затоа денес, Бујар Османи, посочи дека е созреано времето за целосна двојазичност во Македонија. „Направен е голем напредок во насока на официјализацијата и употребата на албанскиот јазик во сите институции. Ние мислиме дека поради тој напредок, сега се исполнети условите за заокружување на мисијата за создавање на двојазична Македонија“, изјави портпаролот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, на првата редовна конференција за медиумите.
Слично
