Бујар Османи: Случајот со Онишченко е скандалозен
За министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој учествува на Самитот на ОБСЕ во Полска, скандалот со државјанството на Олександар Онишченко е тежок удар и голема дамка.
Случајот со Украинецот, кој е на црната листа на САД, но сепак добил македонски пасош со одбрение од АНБ.
– Инциденти и удари ќе имаме по патот, но мора да ги отстрануваме и да излеземе посилни. Не смееме ова да го оставиме настрана. Ова е дамка за нашата репутација, која што ја изградивме тешко сиви овие години, посебно во поседните години од нашето членство, потенцираше Османи во разговорот за „Телма“.
Шефот на дипломатијата во Полска учествува на собир на кој се дискутира иднината на Украина и за тоа каква помош и е потребна.
Слично
