Бујар Османи се сретна со македонските Бугари пред утрешното истекување на рокот за промена на имињата на клубовите
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска, оствари средба со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Горгиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Северна Македонија.
Во соопштението се вели дека средбата поминала во позитивна атмосфера со разменети мислења за прашања кои ја засегаат бугарската заедница во Македонија. Се разговарало за „предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата“.
„На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор“, објави МНР.
Средбата доаѓа на еден ден пред истекот на законскиот рок со кој бугарските клубови „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ треба да ги променат имињата или во спротивно Министерството за правда ќе треба да ја започне процедурата за нивно бришење од регистарот.
Слично
