Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи се сретна со Кирил Петков во Турција

Бујар Османи се сретна со Кирил Петков во Турција

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска информираше дека се сретнал со бугарскиот премиер Кирил Петков за време на учеството на Анталија Дипломатскиот Форум.

Се зборувало за воениот конфликт во Украина и како истиот ќе се рефлектира во однос на безбедносната состојба во регионот на Западниот Балкан и Европа.

“Ни требаат јасни и недвосмислено пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот. Нашата европска интеграција станува безбедносно прашање и само позитивен исчекор во оваа насока ќе допринесе кон општата безбедност и сигурност на целиот европски континент”, објави шефот на македонската дипломатија.

Османи и Петков констатирале задоволство од концептот на работни групи, кои ќе го подигнат нивото на политички дијалог во контекст на политичките прашања кои ќе следуваат.

Атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност кој преовладува на досегашните средби се вистинскиот правец и се очекува да водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на двете земји, заклучува МНР.


Слично

Поврзани вести