Бујар Османи сака да ги помирува Ерменија и Азербејџан во Охрид
После дијалогот Србија - Косово, министерот за надворешни работи Бујар Османи ги поканил на дијалог за помирување и шефовите на дипломатиите на Ерманија и на Азервејџан во Охрид, брифираат извори од Владата.
Османи како претседавач со ОБСЕ има намера од Охрид да направи центар за помирување на страни помеѓу кои имало конфликт, а еден од поновите такви беше во Нагорно Карабах кој траеше 40-тина дена.
Според информациите, поканети се тројцата министри за надворешни работи на Азербејџан, Ерменија и Грузија. Понудени им се три термини за средба и во моментов се чека одговор од таму кој датум би бил најповолен.
Министерот Османи еднаш веќе изјави дека после Косово – Србија дијалогот, постојат планови наскоро министри за надворешни работи од други конфликтни региони да ги продолжат разговорите токму во Охрид.
Слично
