Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи против усвојувањето на Зaконот за правична застапеност: Карикатура на Карамишева

Бујар Османи против усвојувањето на Зaконот за правична застапеност: Карикатура на Карамишева

Бујар Османи од Демократската унија за интеграција реагираше во врска со изгласувањето на Законот за правична застапеност од страна на Владата. Османи го нарекува овој закон карикатурен закон, со кој како што вели Османи, балансерот се заменува со комисија која ќе известува еднаш годишно за правичната застапеност.

„Провокациите продолжуваат.

Уште пред да заздрави раната за јазикот, кој секој ден со своите прсти и зборови, оние кои имаат омраза кон сè што е албанско, денес отворија нова рана.

Владата одобри карикатурен закон на Каракамишева за „правична застапеност“, каде што балансерот, кој беше задолжителна законска формула за гарантирање на правична застапеност, се заменува со комисија која ќе известува еднаш годишно за правичната застапеност.

Провокација по провокација.

До кога?„, објави Османи.


Слично

Поврзани вести