Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи: Посетата на Лавров на Србија ќе значеше неодржување на самитот Отворен Балкан во Охрид

Бујар Османи: Посетата на Лавров на Србија ќе значеше неодржување на самитот Отворен Балкан во Охрид

Министерот за надворешни работи Бујар османи во Дневникот на ТВ Сител рече дека присуството на шефот на руската дипломатија Сергеј лавров на Белград би значело неодржување на самитот на Западен Балкан во Охрид на 7 и 8 јуни.

Лавров не допатува денеска во Белград, опткако Црна Гора, Македонија и Бугарија го забранија прелетот, а на самитот Отворен Балкан во Охрид покрај македонскиот премиер Димитар Ковачевски, треба да присуствуваат и српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди рама, додека како гостин е најавен и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

Сметавме дека и оваа барање на амбасадата за ослободување на овој специјален лет се влклопува во нашиот однос кон агресијата. Пораката е дека е недозволиво во 21 век да се напаѓаат независни земји. Во прашање е еден систем на вредности. Во прашање е одржување на самитот Западен Балкан во Охрид доколку оваа посета се случеше,

Регионалните иницијативи треба да бидат во рамки на некои основни вредности и принципи во кои веруваме, а руската агресија е во спротивност со нив. Неодржувањето на оваа посета го охрабрува одржувањето на состанокот на Отворен Балкан“, рече Османи.



Слично

Поврзани вести