Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи поради изборите во Бугарија намерно не се појавувал на телевизија

Бујар Османи поради изборите во Бугарија намерно не се појавувал на телевизија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција рече токму поради изборната кампања во Бугарија не се појавувал во медиумите, бидејќи, нагласи, не сакал да ја внесе државава во нивните изборни ветувања и изборни препукувања, бидејќи после тоа, политичарите стануваат жртва на нивните ставови.

- Немам намера заради овие важни прашања за државата да полемизирам со било кого преку микрофон. Доколку има било која забелешка ние сме тука да седнеме да разговараме. Важно е да се има добра волја во овој пристап. Ако се обидуваме на ваков начин да изнајдеме некој негативен елемент за да создадеме негативна реторика, тоа нема да не води никаде. Ние имаме позитивна агенда, имаме позитивна намера да ги подобриме односите со Бугарија, нашите позиции сме јасни, спремни сме да комуницираме во било која форма, но немаме намера да полемизираме преку јавност за овие важни прашања за нас, нагласи Османи.

Додаде дека Уставните измени се точно прецизирани во потпишаниот Протокол со Бугарија, како ќе изгледаат и каде ќе биде позицијата на Бугарите во Уставот. Според Османи, и за Комисијата, што е формирана во Министерството за правда, ќе биде многу лесна работата, затоа што само треба да го земат Протоколот, таму пишува точно каде што се спомнати останатите етнички заедници, после запирката пред други, треба да се впишат и заедниците кои ќе бидат додадени - Хрвати, Бугари, исто како и останатите, не може да има разлика од тоа како се впишани другите.

Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи на заедничката прес-конференција со неговиот шпански колега Хосе Мануел Албарез Буено во Скопје



Слично

Поврзани вести