Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи оди на средба со бугарската влада

Бујар Османи оди на средба со бугарската влада


Министерот за надворешни работи Бујар Османи следната недела планира да престојува во работна посета на Софија. Ова тој самиот го соопшти на прес-конференција.

„Со Бугарија немаме отворени прашања, сите ги исполнуваат своите договори според протоколот што го потпишавме во јули. Бугарија ги исполни своите обврски поврзани со договорот со Фронтекс, кој Република Северна Македонија го потпиша. Замислете, да не се договоревме со Бугарија пред изборите таму, сега ќе чекавме перманентно да се формираат институциите и ќе бевме заложници на формирање влада во Бугарија“, коментираше Османи на прес. конференција, како одговор на новинарско прашање дали тоа што се случува во Бугарија влијае на билатералните разговори..

Османи прецизираше дека дијалогот со Бугарија продолжува со преодната влада и планира следната недела да оствари работна посета на Софија, при што, покрај средбите на институционално ниво, сака да се сретне и со политичките партии во Бугарија.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија повторно коментираше дека очекува отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград да предизвика негативна верижна реакција.



Слично

Поврзани вести