БУЈАР ОСМАНИ ОЧЕКУВА ВЛЕЗ ВО ВТОРИОТ КРУГ: „Благодарам сто илјади пати“, рече кандидатот на ДУИ за претседател
Уште една мисија, не како товар, туку како одговорност,
обврска која ќе ја преземам со голема чест и гордост. Дури и мисијата на
претседателот на албанската држава го носи печатот на претседателот Али Ахмети
и БДИ, како печат на секој друг албански успех, напиша актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, откако
синоќа му беше официјализирана кандидатурата за претседател на државата.
-Исполнет сум со длабоко чувство на одговорност и посветеност, следејќи ја предвидливата визија. Ниту една политичка функција во оваа држава не е невозможна за нас, Албанците!
Давам збор дека мојата посветеност нема да изостане!
ДА за нашиот сојуз со НАТО!
ДА за нашиот стратешки партнер - САД!
ДА за нашата интеграција во Европската Унија!, напиша Османи.
Министерот за надворешни работи и претседателски кандидат на
ДУИ, Османи, најави дека меѓу темите на неговата кампања ќе бидат уставните
измени за впишување на Бугарите и изборот на претседател на државата во
Собранието. Тој очекува влез во вториот круг. Својата програма, како што рече,
ја работел со домашни и меѓународни експерти, како претседателски кандидат ќе
има своја веб страница и ќе им се обраќа на сите граѓани без оглед на етничката
припадност.
На конвенцијата се обрати и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој порача:
-Ние 23 години не сме изгубиле никогаш. Математички или практично нас не поддржуваат и во најтешките моменти. Сме инвестирале во капацитетите и во кадрите за подобро утре и така ќе продолжиме. Со нас не е лесно да се мерите. Тука сме сите ние што отвораме нови хоризонти. Ние сме стабилност и мир и добра европска иднина, рече Ахмети.
