Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи оцени дека односите со Бугарија се на најниско ниво

Бујар Османи оцени дека односите со Бугарија се на најниско ниво

Односите со Бугарија се на најниско ниво, има потенцијал да се врати дебатата на нормална комуникација, вели македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи. 

Тој оцени дека неколкуте претходни протесни ноти од Бугарија до Македонија и повикувањето на македонскиот в.д. амбасадор во Софија на разговор ги симнале односите меѓу двете земји на најниско ниво.

„Изборите не помагаат обично во рационализација на таа дебата и не само во Бугарија. Така беше и кога ние имавме избори. Така е секогаш, изборите ги киднапираат нормалните политички дебати, но јас сум убеден дека во нашите односи има потенцијал да се врати дебатата на една нормална комуникација и меѓусебно почитување“, рече Османи.

Се надева дека е интерес и на Бугарија и на ЕУ во јуни да ги почнеме преговорите.

Македонија упати протестна нота до Бугарија деновиве откако бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски објави видео во кое вели дека Македонија е бугарска и дека колку повеќе лажеме толку повеќе вистината ќе излегува на виделина. 

Бугарското Министерството за надворешни работи се огради и го оцени како нессодветно видеото на бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски. 

Слично

Поврзани вести